Велигденски Јајца Креативна Линија
Stefan2022-04-14T13:54:24+00:00Денеска имаме модерна едноставна идеја во само неколку чекори за велигденско украсување. Ќе ви покажеме како можете да ги насликате вашите велигденски јајца во нежни пастелни бои со нашите фломастери или дрвени бои во акварел, а потоа да нацртате одличен мотив за линиска уметност на нив со маркерот Lumocolor STAEDTLER.
Чекор-По-Чекор објасување:

1.Издувајте ги јајцата или сварете ги и добро измијте ги. Потоа оставете ги јајцата да се исушат темелно. Сега бојадисајте ги јајцата со дрените бои акварел или фломастерите акварел во боите по ваш избор.
Ве молиме имајте во предвид: не притискајте премногу силно со пенкалото или јајцето ќе ви се скрши.
2.Потоа користете ја меката четка и малку вода за да ја разлеете бојата околу јајцето во круг. Доколку сте задоволни од резултатот, оставете обоеното да се исуши на јајцето околу 15 минути.


3.Штом бојата ќе се исуши, можете да го користите трајниот маркер на Lumocolor за да нацртате различни линиски шари на јајцето. Цветните мотиви или лица секогаш изгледаат одлично. Ако не сте многу сигурни во цртањето на линиските уметнички мотиви, нацртајте ги вашите мотиви на јајцето првин со молив потоа повторете ги со трајниот Lumocolor или Deco Marker на Staedtler.
Потребни Материјали :

STAEDTLER 146 10C Акварелни Дрвени Бои
STAEDTLER 989 четки со премиум влакно но можете и некоја обична четка која ви се наоѓа дома
STAEDTLER Lumocolor 317 траен перманентен маркер
јајца,вода и крпче да ги исушите јајцата

