07Јун
Креирајќи накит/акцесоари, домашен декор или персонализирани подароци, не само што е премногу забавен процес туку ќе ве направи и горди на се она што можете да креирате. За процесот при работа со FIMO да ви биде позабавен и полесен, ви даваме 5 чекори пред да започнете со FIMO.
1. Работна површина
Постојат неколку совршени површини за работа со FIMO, како стакло, хартија за печење или рамна пластична плоча.
Причината поради која се препорачуваат е бидејќи имаат рамна површина и спречува различни текстури да се префрлат на вашата FIMO креација. Од друга страна, FIMO глината за моделирање, е полесно да се отстрани кога е на рамна површина.
2. Чиста работна површина и раце
Најдобар начин за чистење на работната површина и вашите раце е мокро крпче. Нежно е на рацете и ја отстранува нечистотијата која може да се префрли на FIMO креацијата. Честото миење на рацете, не е на одмет.
3. Правилно отварање на FIMO пакувањето
Пред да започнете со FIMO, пакувањето треба да се отвори. На задниот дел од коцката имате маркирано каде треба да ги повлечете двете страни. Со следење на инструкциите ќе го отворите пакувањето правилно и потоа ќе можете истото да го искористите кога ќе завршите.
4. Правилно печење на FIMO
За правилно да ја испечете вашата FIMO креација, треба да ја предгреете рерната на 110 степени целзиусови, откако ќе се загрее, ја ставате креацијата и печете 30 минути.
Наш совет е да употребите термометар кој ќе ја мери температурата за вашата креација да не изгори или да смени потемна боја.
5. Правилно чување на FIMO
Секоја FIMO глина која нема да ја употребите, може да ја зачувате за понатака. FIMO глината треба да биде подалеку од прашина и од топлина и сончева енергија.
Наша препорака е да ја сочувате во алуминумска фолија во сад, на ладно и суво место.
Кога ќе ја отпакувате FIMO глината најубаво е прво да ја замесите, така станнува мека и е полесна за формирање. Можете да ја работите со раце, како правење на монистри или делови од накит или може да ги искористите FIMO алатките кои ја олеснуваат работата.
Денеска имаме модерна едноставна идеја во само неколку чекори за велигденско украсување. Ќе ви покажеме како можете да ги насликате... прочитај повеќе
Како настанала FIMO полимерната глина? FIMO е првата глина за моделирање која може да се пече во рерна. Глината е... прочитај повеќе
Велигденска Честитка за Деца прочитај повеќе
Колаче | Времетрање | Опис |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | Ова колаче е поставено од Додатокот на GDPR за Согласност за Колачиња. Колачето се користи за чување на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Аналитика“. |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | Колачето е поставено од Додатокот на GDPR за Согласност за Колачиња за да се сними корисничката согласност за колачињата во категоријата „Функционално“. |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | Ова колаче е поставено од Додатокот на GDPR за Согласност за Колачиња. Колачињата се користат за чување на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Неопходно“. |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | Ова колаче е поставено од Додатокот на GDPR за Согласност за Колачиња. Колачето се користи за чување на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Друго“. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | Ова колаче е поставено од Додатокот на GDPR за Согласност за Колачиња. Колачето се користи за чување на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Перформанси“. |
viewed_cookie_policy | 11 months | Колачето е поставено од Додатокот на GDPR за Согласност за Колачиња и се користи за складирање дали корисникот се согласил за користење колачиња. Не зачувува никакви лични податоци. |